Барселона му нуди нов договор на Рафиња

Раководството на Барселона ќе продолжи со политиката на поврзување на долгорочната иднина на водечките играчи со клубот. Откако Жерар Мартин , Роналд Араухо, Педри и Гави потпишаа нови договори во рок од осум дена, сега ќе му биде понуден и на заменик капитенот Рафиња.

Актуелниот договор на Бразилецот, кој има исклучителна сезона и веќе има 24 гола и 15 асистенции на 35 натпревари, истекува во 2027 година. Сепак, клубот сака да го продолжи за две дополнителни години. Покрај тоа, Рафиња од 2026 година ќе добие и зголемување на платата.

Бразилецот моментално има 28 години и доколку повторно потпише до 2029 година, на крајот од овој договор ќе има 32 години.

Неколку лета по ред се зборуваше дека клубот е подготвен да го продаде Рафиња, но по неговиот настап оваа кампања ситуацијата за него целосно се промени.

Се вчитува...