Челниците на Баерн Минхен се заинтересирани за ангажирање на Дани Олмо, но добија студен туш од Барселона.
Според каталонскиот весник „Ел Насионал“, управата на Барселона нема намера воопшто да седнува на маса со колегите од Баерн и да ја ислуша понудата за евентуалниот трансфер на Олмо.
Весникот пишува дека Баерн подготвил понуда тешка 90 милиони евра, но тренерот на Барселона, Ханси Флик, го гледа Олмо како важен дел од неговите замисли и како носител на играта во иднина.
Единствена можност за Олмо да го напушти „Камп Ноу“ е некоја екипа да ја плати откупната клаузула која изнесува 500 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
