Барселона му врачи отказ на тренерот, Чави Пасквал доаѓа на клупата!?

Кошаркарскиот клуб Барселона се одлучи да му врачи отказ на Жоан Пенароја по слабиот почеток на сезоната, а Чави Пасквал наводно е најдобриот избор како негова замена, пренесуваат шпанските медиуми.

Барселона направи промена на тренерската позиција по тешкиот почеток на сезоната 2025/26. Клубот официјално објави дека се разделува со тренерот Жоан Пенароја. Финалната одлука е донесена по поразот на тимот во шпанската лига против Џирона денеска, што каталонскиот тим го остави со скор од 2-4 во Лига Ендеса по првите шест натпревари.

Шпанска „Марка“ пренесува дека поранешниот тренер на Барселона, Чави Пасквал, кој моментално е без тим, е долгоочекуваниот кандидат да го замени Пенароја.

Во првата сезона на 56-годишниот Пенароја, Барселона стигна до плејофот на Евролигата, каде што ја загубија серијата со 2-3 од Монако, а исто така беа елиминирани во четвртфиналето на шпанската лига од Уникаха Малага.

Се вчитува...