Барселона му врти грб на Перез: Се откажува од Суперлигата!

Раководството на Барселона повеќе не верува во проектот „Суперлига“, па најверојатно и ќе се откаже од поддршката за Флорентино Перез кој е креаторот на оваа идеја, пренесуваат шпанските медиуми.

Барселона и Реал Мадрид останаа осамени во овој проект, од големите еврпски клубови, откако останатите се откажаа по големите политички и фудбалски притисоци.

Оваа идеја за натпреварување надвор од ингеренции на УЕФА трае веќе пет години, за да на крај се сведе само на шпанските гиганти, по откажувањата на Ливерпул, Јунајтед, Челси, Сити, ПСЖ, Јувентус, Интер… Сега  се најавува откажување и на Барселона која сега е во исклучително добри односи со УЕФА.

Меѓу последните одлуки во корист на Барселона, УЕФА, и покрај тоа што Камп Ноу уште не е подготвен, дозволи, евентуално, каталонскиот клуб да се врати таму ако објектот биде завршен пред крајот на првата фаза од Лигата на шампионите. Претходно тоа не беше дозволено за ниту еден друг клуб.

Се вчитува...