Барселона направи огромен чекор кон одбрана на шампионската титула во Ла Лига, совладувајќи го Атлетико Мадрид со 2-0 на „Камп Ноу“. Сега каталонскиот гигант има 11 бода предност на врвот на табелата во пресрет на последните седум кола од шампионатот.
Надежите на Атлетико Мадрид за триумф на гости се урнаа во 28.минута, кога Диего Коста доби црвен картон поради приговор кон судијата Манцано. Барселона долг период бараше начин како да го пробие бедемот на тимот на Диего Симеоне, одличен беше голманот Јан Облак, но потоа се беше решено во две минути. Луис Суарез со удар од 20 метри го совлада Облак во 85.минута, а само една минута и Лионел Меси ја погоди мрежата на Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА