Екипата на Монако го приреди најголемото изненадување на денешните натпревари од првата рунда во новата сезона од Лигата на шампионите, триумфирајќи против Барселона со 2-1.
Уште во 11. минути стартуваа проблемите за Барса. Ерик Гарсија по една грешка на Тер Штеген направи старт за кој заработи директен црвен картон, па Монако брзо ја искорсти предноста од играч повеќе и со голот на Магнес Аклиуче пет минути по исклучувањето на Гарсија поведе со 1-0.
Но, Ламин Јамал уште еднаш ја демонстрираше одличната форма и погоди во 28. минута за израмнување.
Иако Барселона парираше во второто полувреме сепак, Илхеначе во 71. минута стрелаше за триумф на Монако од 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА