Шпанскиот гигант Барселона остана со принудно решение на десната бековска позиција, Серхи Роберто, кој по вокација е играч од средниот ред, а тренерот Луис Енрике нема ниту замена за него, со оглед дека Алеиш Видал се повреди и ќе отсуствува до крајот на сезоната.
Каталонскиот тим се обидува да пронајде соодветно решение до крајот на оваа сезона, може да купи фудбалер од Примера, или пак слободен агент, но затоа пак зацртан е планот за летниот преоден рок. Прв „пик“ на Барселона е Хектор Белерин, десниот бек на Арсенал, кој е всушност дете излезено од „Ла Масија“, а на 16 години се пресели на „Емирати“.
Венгер му даде шанса да се наметне и тој стана еден од најдобрите играчи во светот на својата позиција. На лето би можел да се врати на „Камп Ноу“ на голема врата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА