Барселона на лето тргнува по Саул Нигез

Шпанскиот првак Барселона подготвува нова трансфер – бомба за претстојниот летен преоден рок. Каталонскиот гигант го посакува шпанскиот репрезентативец Саул Нигез како замена за Хрватот Иван Ракитиќ кој речиси сигурно ќе си замине од „Камп Ноу“. Барселона е подготвена да плати 110 милиони евра за овој трансфер, со што Саул Нигез ќе стане и најскапиот шпански играч во историјата.

Барселона се обидува да го доведе Саул Нигез уште од 2017 година, кога за него сериозен интерес покажуваше и Манчестер Јунајтед. Тогаш неговата откупна клаузула беше 60 милиони евра, а во меѓувреме тој потпиша нов договор во траење од дури девет години. Саул Нигез има актуелен договор со Атлетико Мадрид до 2026 година и отштетна клаузула од 150 милиони евра.

 

Се вчитува...