Фудбалерите на Барселона со вчерашната победа над Ла Коруња ја осигураа титулата во Примера, а веќе денеска на улиците на каталонската престолнина беше организирана и шампионска парада во нивна чест.
Меси, Иниеста и останатите ѕвезди на Барса се појавија во отворен автобус за да ги поздрават илјадниците фанови од кои добиваа несебична поддршка и оваа, како и во сите претходни сезони.
Барселона ја продолжи својата доминација, оваа титула беше седма во последните десет години, на прагот е да ја заврши цела сезона во Примера без неуспех, а како црна дамка остана само оној пораз од Рома и неочекуваната елиминација во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

