Барселона на зима ќе ангажира минимум тројца фудбалери

Откако го ангажираа Чави за главен тренер, Барселона има големи апетити сезонава, па така планира на зима да ангажира тројца фудбалери, за да се обиде барем да избори учество во Лигата на шампионите идната сезона, со оглед дека екипата многу заостанува во битката за титулата.

Затоа претседателот Жоан Лапорта најави дека на зима ќе бидат ангажирани тројца фудбалери.

Засега не е познато кои ќе бидат новите имиња, но се шпекулира дека едниот од нив ќе биде напаѓач, како замена за Агуеро кој има срцеви проблеми и ќе паузира минимум три месеци. Вториот би можел да биде Дани Олмо од Лајпциг. Детето на Барселона сега би можел да се врати во својот матичен клуб.

Трето засилување се очекува да биде крилен напаѓач, со што би се исполнила желбата на Чави. За таа цел, веројатно, ќе биде продаден Усман Дембеле. Едно од имињата кои се споменува е Рахим Стерлинг од Манчестер Сити, откако Англичанецот не добива минутажа оваа сезона.

Се вчитува...