Барселона најде „дупка“ во правилата, Шчесни ќе може да брани во ЛШ

Војчех Шчесни (34), поранешен голман на Арсенал, Рома, Јувентус и полската репрезентација, привремено се врати од пензија во која е од летото, за да потпише за Барселона. Тоа би можел да го направи долго по завршувањето на преодниот рок бидејќи е слободен играч, а таквите играчи можат да потпишат во секое време. Барселона го донесе Полјакот затоа што нивниот прв голман Марк Андре Тер-Штеген беше тешко повреден и нема да биде таму до крајот на сезоната.

Шчесни е токму таков голман кој Барселона го бараше. Тој е искусен, со преку 540 настапи во клупската кариера, во кои играше во најсилните лиги, додека за репрезентацијата настапи 84 пати. Покрај тоа, тој знае како е да се игра за големите и да се освојуваат трофеи. Со Арсенал освои два ФА купа, а со Јувентус три титули и еден куп. Минатата година беше избран во идеалниот тим на Серија А. Но, се чинеше дека Барселона нема да може да го пријави спасителот на голманската позиција за Лигата на шампионите. 

Сепак, Барселона најде начин да го заобиколи ова правило. УЕФА дозволува последователна регистрација на играч доколку тој е директна замена за играч кој не може да игра до крајот на сезоната поради повреда. Токму таков е случајот со Тер-Штеген, па Шчесни ќе може да брани за Барселона во Лигата на шампионите. Првите претстојни натпревари на Барса во тоа натпреварување се против Баерн и Црвена звезда. 

Се вчитува...