Барселона поради финансиските потешкотии со кои се соочува беше блиску до губење на 55 милионското засилување Дани Олмо кој пристигна во клубот изминатото лето од Лајциг.
Олмо настапи на 15 натпревари во Ла Лига, но можеше лесно да замине од клубот бидејќи каталонците имаа проблеми за негова регистрација за настап во вториот дел од сезоната. Во случај да не го регистрира, Олмо ќе станеше слободен да ја бира новата средина, но до тоа нема да дојде.
Имено, Барселона најде начин да го регистрира поранешниот фудбалер на Динамо Загреб. Тоа е продажба на ВИП ложата на новиот „Камп Ноу“ на подолги патеки. За престижните седишта се заинтересирани богати луѓе од целиот свет па продажбата од која се очекува приход од 120 милиони евра, што ќе значи и крај на главоболките на претседателот Лапорта.
Со тоа, каталонците ќе ги исполнат строгите критериуми на Ла Лига и ќе можат да го регистрираат Олмо, но и да доведат уште едно квалитетно засилување во своите редови во зимскиот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА