Барселона најде лев бек на „Сан Сиро“

Шпанскиот првак Барселона се обидува да ја засили конкуренцијата на левата бековска позиција. Тренерот Ернесто Валверде сака да има квалитетна замена за Жорди Алба, кој минатата сезона често беше повреден и ја пронајде во Милан.

Рикардо Родригез, швајцарскиот интернационалец кој го носи дресот на „росонерите“ е првата опција на Валверде. Тој дојде во Милан во 2017 година, а минатата сезона одигра 35 натпревари за тимот од „Сан Сиро“. Покрај Барселона, за Рикардо Родригез е заинтересиран  англискиот премиерлигаш Арсенал. Неговата вредност на трансфер-маркетот е околу 30 милиони евра.

 

 

Се вчитува...