Барселона најде замена за Лапровитола

Барселона и Жалгирис покажаа најмногу во досегашниот тек од сезоната во Евролигата, откако по пет кола имаат одличен скор од 4:1, но деновиве има уште една причина зошто се поврзуваат имињата на шпанскиот и литванскиот клуб.

Повредата на искусниот аргентински плејмејкер Никол Лапровитола на првенствениот натпревар против Басконија ги наруши плановите на стручниот штаб на Барселона, па почнаа интензивна потрага по замена.

Изборот падна на организаторот на играта на Жалгирис, Силвиан Франциско, кој е водечки стрелец на литванскиот претставник во Евролигата со просек од 13,2 поени по натпревар.

Франциско летово пристигна во Жалгирис по повеќе од солидна сезона во дресот на Баерн Минхен. 

Се вчитува...