Барселона „намерачи“ напаѓач на Челси

Најавеното заминување на Николас Џексон од Челси предизвика голем интерес кај врвните европски клубови. За напаѓачот заинтересирани се три италијански гиганти Милан, Јувентус и Наполи, а последен кој се вклучи во трката е Барселона.

Џексон има искуство во шпанското првенство каде настапуваше за Мирандес и Вилјареал пред во 2023 година да премине во Челси па каталонците во него гледаат како идеална замена за Роберт Левандовски.

Проблемот кој се јавува во реализацијата на трансферот е преголемата сума која ја бара Челси од 100 милиони евра. Со оглед на тоа што не му е потребно да го продаде напаѓачот по секоја цена, „сините“ остануваат на ставот дека оној кој сака да го ангажира мора добро да го плати.

Се вчитува...