Европската фудбалска федерација (УЕФА) воведе една промена од оваа сезона во Лигата на шампионите. Секој тим што ја завршил лигашката фаза над својот противник во нокаут фазата ќе го игра реванш натпреварот дома, од осминафиналето до полуфиналето.
Доколку тимот успее да го елиминира противникот што завршил над него во лигашката фаза, тој ќе го заземе неговото место, односно ќе го преземе статусот на носител.
Барселона имаше најмногу причини да се жали, бидејќи и покрај второто место во лигашката фаза, минатата сезона мораше да игра натпревари на гости против Дортмунд и Интер.
Исто така, во четвртфиналето, и покрај тоа што беше трет, Арсенал мораше да го игра реваншот против Реал Мадрид на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
За потсетување, ждрепката за Лигата на шампионите е закажана за четврток од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

