Со пресврт во втората половина, кошаркарите на Барселона славеа победа против Анадолу Ефес со80-65 во најинтересниот натпревар од 15 коло во Евролигата.
Турскиот тим беше поуспешен во првата четвртина која ја доби со 23-29, а доминацијата ја задржа и во наредните десет минути.
По паузата, Барселона успеа да ја анулира негативата и во третата четвртина го презеде водството искористувајќи ја неефикасната серија на гостинскиот тим кој во овој дел од мечот реализира само седум поени. Доминацијата на каталонците продолжи и во последната четвртина во која рутински ја зголемуваше предност и го завери триумфот.
Пиер Ориола постигна 14 поени дополнести со четири скока, а Кевин Серафин и Крис Синглтон завршија со по 13 поени за Барселона. Кај Анадолу Ефес најефикасе беше Мотум со 13 поени дополнети со шест скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА