Барселона на крајот на сезонава треба да донесе одлука околу иднината на Маркус Рашфорд, односно дали ќе го откупи или ќе го врати во Манчестер Јунајтед. Меѓутоа сега се појавува нова опција, односно белгиски талент кој ги мрси сметките околу иднината на Англичанецот.
Станува збор за фудбалерот на Лион, Малик Фофана кој е опција за Барселона за идната година. Крилниот напаѓач долго време е мета на големи гиганти, тој беше поврзуван и со Ливерпул.
Каталонските извори пишуваат дека Фофана би бил достапен за сума од 35 до 40 милиони евра, истата сума која би требало да ја платат и при купување на Рашфорд, па сега Барселона е во дилема.
Фофана е талентиран фудбалер, има само 20 години, и е иднината на белгискиот фудбал. Каталонците веруваат дека заедно со Рафиња, би можел да израсне во едно од најдобрите крила во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

