Екипата на Барселона не може да го потпише дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Та поради финансиски проблеми. Раководството на клубот го информирало агентот Пини Захави дека трансферот во овој момент е невозможен.
На Ханс Флик му се допаѓа дефанзивецот, но поради ограничувањата во финансискиот дел, ќе мора да се ангажираат само одреден дел на имиња, односно оние со помали плати, или да се ослободат од некои со големи примања.
Та не сакал да ја доживее непријатноста како Дани Олмо при регистрацијата, иако има голема желба да се пресели во Барселона. За него исто така има интерес и од Премиерлигата. Англиските тимови може да ја искористат ситуацијата на Барселона и да го ангажираат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА