По добрите вести кои во последно време доаѓаат до навивачите на Барселона, сега и шпанска Марка донесе неколку лоши вести кога е овој клуб во прашање.
Раководството на Барселона продолжува да бара пари, а се борат со времето, а многу би можел да им помогне и договорот со Најк кој наскоро треба и официјално да биде потпишан. Економското работење директно влијае на спортскиот дел бидејќи Флик нема да може да донесе засилувања поради комплетната ситуација со финансискиот фер-плеј.
Клубот во последно време имаше проблеми со пријавувањето на играчи, а слична ситуација може да ги снајде и оваа сезона. Таа ситуација до ден денес не е решена. Ситуацијата оди дотаму што, како што тврди Марка, Барселона нема простор да пријави нов тренер и неговиот стручен штаб.
Интересно е што дури и Чави и неговиот стручен штаб беа пријавени само за веќе завршената сезона, а сето тоа поради финансиските проблеми што ги има Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

