И покрај тоа што трансферот на Нико Вилијамс во Барселона е само прашање на време, „Каталонците“ би можеле да го ангажираат и Маркус Рашфорд, кој одамна се поврзува со трансфер во шпанскиот првак.
Ханс Флик го сака англискиот репрезентативец поради неговата можност да игра и во нападот, и на крилните позиции. Сепак, за да го ангажира, има само еден услов.
Станува збор за позајмица, а не откуп на договорот. Сепак, Барселона ќе има конкуренција во Њукасл, кој го сака напаѓачот во случај да го продаде Александар Исак во Ливерпул.
Минатата сезона Рашфорд во втората полусезона беше позајмен во Астон Вила, за која одигра 17 меча, постигна четири гола и запиша шест асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

