Нејмар дефинитивно ќе го пропушти утрешното „Ел Класико“ откако Барселона не успеа во намерата преку жалба до Судот за Арбитража во Шпанија да добие зелено светло за настап на својата суперѕвезда на дуелот на „Сантијаго Бернабеу“.
Тактиката со нешто подоцнежното поднесување на жалбата до арбитражата не успеа, откако овој суд реши воопшто да не се состане за да дискутира на оваа тема. Како што најавија шпанските медиуми, „тактиката“ на Барса беше преку одолговлекување потоа да чека да нема конечна одлука до утре вечер, по што Нејмар би играл со образложение дека „суспензијата не може да стапи на сила доколку не се исцрпени сите правни мерки при жалбата“.
Сепак, планот на каталонскиот гигант пропадна откако судот не само што реши да не одржи состанок, туку и писмено ја известил управата Барселона дека недонесувањето на одлука не значи само по себе и одложување на санкцијата. Ова автоматски значи и исчезнување на последната шанса дека Нејмар би можел да настапи на утрешното гостување на „Камп ноу“, што сигурно ќе биде сериозен проблем за Луис Енрике на мечот на кој неговиот тим мора да стигне до цел плен за да се врати во игра во трката за титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА