Барселона ова лето е еден од најактивните клубови на трансфер маркетот, а нема намера да застане со засилувања ниту по потписите со имиња како Роберт Левандовски, Рафиња, Кеси… Сега погледот на каталонците е насочен кон Премеирлигата и Астон Вила каде постои сериозен интерес за Карни Чуквуемека.
Младинскиот репрезентативец на Англија претходната сезона настапи на 12 натпревари во „елитата“ на англискиот фудбал и го привлече интересот од европските гигнати. Неговиот договор со Астон Вила истекува на крајот на следната сезона и тој нема намера да стави нов потпис па ова лето дефинитивно заминува од „Вила Парк“.
За услугите на 19-годишникот Астон Вила бара 20 милиони евра, а Барселона во моментот води во трката пред Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

