Барселона неколку недели без Де Јонг, го пропушта „Ел Класико“

После едномесечна пауза во таборот на Барселона во саботата на терен се врати Роналд Араухо, а на истиот меч се повреди играчот од средниот ред, Френки де Јонг. Холанѓанецот се пожали на болка во зглобот, поради која, според информациите, ќе паузира пет недели.

Воедно, Де Јонг речиси нема никакви шанси да игра на првото „Ел Класико“ кое е на програмата 28. октомври. Надвор од тимот е и Педри, но планот е да се врати на средината на октомври.

Чави сигурно ќе биде без двајцата на дуелите со Севилја, Порто, Гранада, Билбао, додека Педри би можел да се врати против Шахтјор на 25. октомври, три дена пред дуелот со Реал Мадрид.

Се вчитува...