Повредата на Марк-Андре тер Штеген, ги натера челниците на Барселона да го вратат од пензија Војчех Шчесни, кој и натаму не добива шанса да застане меѓу диреците на каталонскиот гигант. Засега довербата ја добива Инаки Пења кој го чува голот на Барса и во Лигата на шампионите и во Ла Лига.
Шпекулациите во Шпанија беа дека Барса сака да ангажира некое звучно име за голман, но сите тие информации ги демантираше спортскиот директор Деко.
„Немаме намера да ангажираме нов голман. Не би било добро да купуваме голман кој ќе му биде резерва на Тер Штеген кој останува наш број еден. Се шпекулираше со Диего Коста од Порто, но нема да биде добро еден таков добар голман да биде на клупата следната сезона“, рече Деко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА