Барселона нема пари, па Ливерпул подготвува „бомба“ за крај на преодниот рок

Ливерпул е единствениот клуб од Топ 5 лигите во Европа кој во летниот преоден рок досега не донесе ниту еден нов фудбалер.

Но, очигледно „црвените“ подготвуваат „бомба“ во завршницата на преодниот рок, со желбата за ангажман на италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза.

Киеза посакува заминување од Јувентус, па откако стана познато дека Барселона нема средства за негов ангажман, Ливерпул стартувал со акцијата со првични преговори со неговиот агент. Киеза нема ништо против да се пресели во Премиерлигата која би била нов сериозен предизвик за него.

Се вчитува...