Дефанзивецот од Бока јуниорс, 19-годишниот Леонардо Балерди е пред голем трансфер во Барселона.
Се работи за исклучително талентиран фудбалер на кој му предвидуваат блескава иднина. Според аргентинските медиуми, за младиот дефанзивец, Барселона на Бока јуниорс и понудила 10 милиони евра.
Но, оваа понуда е одбиена, а тоа го потврди и претседателот на аргентинскиот тим, Даниел Ангеличи пред дуелот на двата тима на „Камп Ноу“ минатата недела.
„Испратија понуда за играч што не играше на овој натпревар, но ги одбивме“ – изјави Ангеличи.
Сепак, според најавите, Барселона не се откажува од младиот аргентински талент и деновиве треба да стигне нова понуда од „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА