Барселона е подготвена да плати 100 милиони фунти, за услугите на младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Од каталонскиот гигант наведуваат дека младиот Англичанец е прва трансфер цел во летниот преоден рок. Овие две екипи се сретнаа и синоќа во реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите, а Барселона беше убедлива (3-0) и се пласира во полуфиналето.
Рашфорд има уште една година од договорот со тимот од „Олд Трафорд“, од Јунајтед веќе му понудија можност за продолжување на соработката, но младиот фудбалер се уште се нема изјаснето. Од таборот на Барселона се надеваат дека Рашфорд нема да успее да се договори и ќе бидат во пол-позиција за негов ангажман. За Рашфорд е заинтересиран и големиот шпански ривал Реал Мадрид.
Англичаните му понудија на 21-годишниот напаѓач неделна плата од 300.000 фунти и сакаат да го задржат на „Олд Трафорд“ бидејќи го сметаат за еден од клучните играчи во тимот на Оле Гунар Солскјер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА