Екипата на Барселона е подготвена да издвои 50 милиони евра за во зимскиот преоден рок да го доведе фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих. Германскиот репрезентативец е мета на неколку европски великани, а покрај интересот од Барса, Кимих е голема желба и на Пеп Гвардиола, кој во текот на летото вршеше голем притисок да го доведе во редовите на „граѓаните“.
Сепак, од таборот на Баерн велат дека немаат намера да го продаваат фудбалерот кој може да игра на неколку позиции, но доколку се најдат во ситуација да се ослободат од неговите услуги, Кимих би имал значително повисока цена на пазарот.
„Џошуа Кимих вреди многу повеќе од сумите кои се споменуваат во медиумите. Не верувам дека Баерн ќе го продаде ниту за 50 милиони евра“, истакна еден од спортските директори на клубот, Михаел Решке.
Кимих е член на баварскиот гигант од 2015 година. Кариерата ја започна во Штутгарт, потоа две сезони помина во тимот на Ред бул Лајпциг. Во дресот на баерн оваа сезона беше стартер на девет натпревари од вкупно десет одиграни кола во Бундеслигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА