Барселона од минус 15 до голема победа над Фенербахче

Кошаркарите на Барселона стигнаа до голема победа во борбата за што подобра позиција пред стартот на плеј-офот во Евролигата откако вечерва во еден крајно интересен натпревар славеа на гостувањето кај турски Фенербахче со 75-83.

Турците може да жалат што не стигнаа до победа бидејќи на почетокот на третата четвртина во еден момент имаа и плус петнаесет 59-44. Сепак, големиот број грешки во кои влегоа избраниците на Шарунас Јасикевичиус одлично ги искористија гостите кои направија целосен пресврт и на крај славеа со 75-83.

Џабари Паркер со 24 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Најџел Хејс заврши со 20 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...