Фантастичен натпревар во Барселона, кој на крајот заврши со победа на Виљареал со 3-5. Двата тима се сменија во водството, а на крајот „жолтата подморница“ ги потопи Каталонците. Барселона се врати со предност после негатива од 0-2, но на крајот Виљареал не само што израмни, туку со два гола дојде до голема победа.
Во 41. минута Морено донесе водство за „жолтата подморница“ за предност на полувремето. Виљареал вторпат ја шокираше Барселона во 54. минута откако Акомач донесе предност од 0-2.
„Каталонците“ за 11 минути направија голем пресврт. Гундоган во 60. минута ја почна серијата од три гола на Барселона, а во 68. минута Педри донесе израмнување. Автоголот на Баи во 71. минута ја донесе Барселона во предност.
Кога се чинеше дека Барселона ќе дојде до победата, Гуедеш во 84. минута израмни. Но во 99. минута од средбата Серлот ја искористи конфузијата во одбраната на домашниот тим, а точка на победата стави Моралес, откако 10 секунди порано Араухо промаши супер шанса за израмнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

