Барселона следните две години ја очекува комплетна реконструкција на тимот. Ова лето Бартомеу имаше големи планови кои се расипаа со пандемијата на коронавирусот, но и ситуацијата со Лионел Меси. Барселона го сакаше Лаутаро Мартинез, но ништо и од тоа.
Еден од фудбалерите на кои каталонскиот тим ќе ја гради иднината е Ансу Фати кој неодамна потпиша професионален договор, регистриран за првиот тим во новата сезона.
Ансу Фати од поодамна е интересен за бројни европски клубови, па Жорге Мендеш неодамна до Барселона доставил понуда од 150 милиони евра. Не е објавено од кој клуб, но англиските медиуми тврдат дека тоа е од Манчестер јунајтед.
Се разбира, Барселона без размислување ја одбила понудата. Всушност, во договорот со Фати вградена е и отштетна клаузула од дури 400 милиони евра.
Иако има само 17 години, Ансу Фати минатата сезона запиша 33 настапи за Барселона, постигна осум голови дополнети и со една асистенција. Според сите прогнози, овој шпански репрезентативец кој е по потекло од Гвинеја Бисау, треба да биде долгорочно решение за Барса и еден од најдобрите во годините кои доаѓаат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

