Барселона ослабена на мегдан со Партизан

Партизан и Барселона ќе си ги одмерат силите во осмото коло на Евролигата, а каталонскиот гигант на овој натпревар ќе настапи ослабен, пренесуваат шпанските медиуми.

И покрај тоа што постоеше опција дел од составот за натпреварот со белграѓани да биде Николас Лапровитола, Аргентинецот не се очекува да настапи на теренот.

Лапровитола успешно се рехабилитираше од повредата на препоните на левата нога стекната на натпреварот против Панатинаикос во второто коло, но не е доволно подготвен да патува во главниот град на Србија и да им помогне на соиграчите во пеколната арена.

Се вчитува...