Барселона останува со празни раце, Ливерпул подготвува нов договор за Дијаз

Ливерпул нема намера да се раздели со Луис Дијаз , објавува „Мирор“. Во последните недели се зголемуваат шпекулациите дека играчот е предмет на сериозен интерес од Барселона , но досега немало контакт меѓу двата клуба, а  тимот од Енфилд не сака тој да си замине. „Црвените“ дури планираат да започнат разговори со играчот за продолжување на неговиот тековен договор, кој моментално важи до летото 2027 година.

Колумбиецот беше еден од клучните играчи во тимот што ја освои титулата во Премиер лигата минатата сезона, постигнувајќи 13 гола и седум асистенции во 36 лигашки настапи. Моментално се проценува на околу 70 милиони евра, но Ливерпул веројатно нема да биде подготвен да преговара за негов трансфер со Барселона, која е силно заинтересирана за неговиот потпис.

Дијаз , 28, се приклучи на „Енфилд“ од Порто во договор вреден 54 милиони евра во 2022 година.

Се вчитува...