Монако оствари триумф над Барселона на свој терен со 93-86. И покрај тоа што ја доби првата четвртина, сепак, екипата на Барселона потоа застана, а тоа го искористи Монако да го сврти резултатот во своја корист, и на крај да победи.
Пантер со 27 поени беше најефикасен, но ја немаше поддршката од своите соиграчи. Кај Монако најефикасен беше Џејмс со 16.
Кошаркарите на Анадолу Ефес го совладаа тимот на Дубаи во Сараево со 69-85. Со тоа се намалија шансите на Дубаи за пласман меѓу најдобрите осум тима.
Освен во третиот период, во другите доминираше турскиот тим и го доби овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

