Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта зборуваше за можноста клубот да ја напушти Евролигата.
Пред натпреварот од 14-то коло од тоа натпреварување, кој неговиот тим го игра против Црвена Звезда, Лапорта зборуваше за потенцијална поделба меѓу двете страни, а во светлината на доаѓањето на НБА во Европа.
Тој тврди дека е подготвен да го продолжи договорот со тоа натпреварување, но со услов.
„Лиценцата на Евролигата истекува во јуни 2026 година, а клубовите што нема да ја обноват ќе го изгубат правото на основање. Се обидуваме да и дадеме до знаење на Евролигата дека Барселона е важен дел од натпреварувањето и тие го разбираат тоа. Предложивме обновување со Евролигата, но со можност за флексибилност во случај предлогот на НБА да биде подобар“, рече Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

