Барселона почна преговори за нов договор на Де Јонг

Во спортскиот комплекс на Барселона се одржала клучна средба меѓу новиот агент на Френки де Јонг, Себастијан Ледур, и спортскиот директор на клубот, Деко. Целта на состанокот била обновување на договорот на холандскиот репрезентативец.

Продолжувањето на соработката со де Јонг е еден од приоритетите на Барселона, веднаш по финализирањето на новиот договор со Жил Кунде минатата недела. Иако договорот со Кунде беше постигнат уште пред азиската турнеја, официјализацијата се случи неодамна. Слична ситуација се очекува и со Ерик Гарсија, чие продолжување на договорот сè уште не е потврдено.

Односите меѓу де Јонг и клубот значително се подобриле во последните месеци. Играчот и самиот потврди на прес-конференција за време на турнејата дека комуникацијата со клубот е на високо ниво. Сепак, процесот на преговори бил одложен поради лични причини, поради кои де Јонг се разделил со својот претходен агент.

Се очекува новиот договор да го задржи холандскиот фудбалер на „Камп Ноу“ до 2028 година, што значи продолжување на неговата сегашна обврска за дополнителни две години.

Се вчитува...