Барселона почна преговори за нов договор со Шчесни

Барселона и Војчех Шчесни разговараат за продолжување на договорот. Актуелниот договор на 34-годишниот голман со каталонскиот клуб е до крајот на оваа сезона.

Според Марка, спортскиот директор Деко веќе имал првични разговори со агентот на играчот. Двете страни сакаат да склучат нов договор.

Првично клубот планираше на Полјакот да му понуди нов договор за една сезона, но сега се разгледува можноста за двегодишно продолжување или шема 1+1.

Шчесни за Барселона одигра 16 натпревари во сите конкуренции, при што на осум ја сочува мрежата. Интересен е податокот дека Барселона со Полјакот на голот нема ниту еден пораз.

Се вчитува...