Барселона почна преговори за првото засилување за идната сезона

Барселона започна преговори за ангажман на португалскиот бек Жоао Кансело. Во моментов играчот настапува во Барселона како позајмен од Ал Хилал, но „Каталонците“ сакаат да го задржат со перманентен договор.

Од двете страни има желба за продолжување на соработката. Барселона сака да го има во своите редови со перманентен трансфер, додека и Кансело сака да остане во таборот на „Каталонците“.

Преговорите се веќе почнати, и Ал-Хилал ќе треба да ги каже условите по кои бекот ќе може да го комплетира трансферот во лидерот на шпанската Ла Лига.

Се вчитува...