Барселона подготви мегапонуда за да го задржи Лео Меси

Барселона останува без тренер по завршувањето на сезоната, но никако не сака да го загуби својот најдобар фудбалер Лионел Меси. Се појавија гласини дека Аргентинецот можеби ќе си замине од „Камп Ноу“, но каталонскиот гигант веќе подготви нова мегапонуда за продолжување на соработката со Меси.

Раководството на клубот ќе излезе со понуда за нов четиригодишен договор, според кој Лионел Меси би заработувал фантастични 35 милиони евра по сезона. Ова е најголема понуда што еден европски клуб ја дава за свој фудбалер, ако се остават на страна лудите понуди на кинеските клубови. Меси од Кина имаше неодамна и понуда од 50 милиони евра, но ниту тоа не беше доволно за да реши да се пресели на Далечниот Исток.

Едно од неофицијалните барања на Аргентинецот е Барселона да доведе тренер според неговите вкусови. Таков е Хорхе Сампаоли, сегашниот тренер на Севилја, па оттаму на аргентинскиот стратег и му се даваат големи шанси за да го наследи Луис Енрике на клупата на „Камп Ноу“.

  

Се вчитува...