Барселона подготви специјален дрес: „Иниеста засекогаш“

Каталонскиот гигант Барселона на посебен начин ќе го испрати својот капитен и легендарен фудбалер Андрес Иниеста. Тој в недела ќе го одигра последниот меч во дресот на Барса на „Камп Нопу“, на дуелот против Реал Сосиедад, а ќе има специјално дизајниран дрес. Неговата ’осумка’ ќе биде свртена поинаку и ќе асоцира на бесконечност.

Овој дрес веќе е пуштен во продажба за фановите на Барселона и е наречен „Иниеста засекогаш“.

Андрес Иниеста настапува во дресот на Барселона од 2002 година и досега има одиграно 647 официјални натпревари за сениорскиот тим на каталонскиот клуб.

Се вчитува...