Барселона подготвува „чистка“: Пантер заминува на крајот на сезоната

По слабата сезона, кошаркарскиот клуб Барселона се подготвува за голема „чистка“ на крајот на сезоната, пренесуваат шпанските медиуми. Во Евролигта се на „маргините“ на „плеј-офот“, а неодамна добија „шлаканица“ по поразот во четвртфиналето во Купот.

Поради тоа „Мундо Депортиво“ носи информација дека пред следната сезона ќе биде направена „чистка“, а дел од тоа ќе биде и Кевин Пантер.

Нему договор му истекува во јуни, и според медиумите, истиот нема да биде продолжен. Причината е и неговата висока плата која изнесува околу 2 милиони евра по сезона.

Една од можностите да остане, која ја наведува „Мундо Депортиво“, е да прифати намалување на платата, но неговата одлука секако ќе зависи од заинтересираните клубови кои ќе се јават на крајот на сезоната.

Се вчитува...