Барселона е подготвена да му понуди на Лионел Меси договор кој ќе биде до крајот на неговата кариера, пренесуваат шпанските медиуми.
Постоечкиот договор на Меси е до 2021 година, а се очекува да му биде понуден договор како тој на Иниеста, во кој му е дозволено сам да одлучи до кога ќе ги брани боите на Каталонците.
Со самото тоа Барселона сака да се заштити и да може да го има брендот „Меси“ во свое сопствеништво барем во наредните 10 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА