Барселона подготвува терен за нов Ето во своите редови

Незабележан, Етo Ејонг се пресели во Леванте оваа сезона и експлодираше многу брзо, привлекувајќи го вниманието на многу клубови.

Со пет гола, тој е трет стрелец во првенството, а како што пишува Мундо Депортиво, Барселона го насочи вниманието кон Камерунецот.

Леванте го донесе за три милиони евра од Виљареал и стави откупна клаузула од 30 милиони евра.

Барселона сака да доведе уште една вистинска предна деветка и да продолжи со процесот на подмладување, бидејќи Левандовски има 37 години, а Ејонг се вклопува во таа филозофија.

Тој е одличен во шеснаесетникот, не простува грешки и има квалитети да се приклучи во редовите на Каталонците. Доколку тоа се оствари, ќе има задача да го надмине својот сонародник Самуел Ето, кој остави длабока трага во дресот на Барселона.

Се вчитува...