Барселона имаше катастрофална увертира за новата натпреварувачка сезона откако каталонскиот гигант загуби со убедливи 0-3 на домашен терен од Монако во рамките од „Гампер купот“, меч што вообичаено служи за каталонските фанови да ги видат на дело своите миленици пред официјалниот старт на Ла Лига.
Овојпат фановите немаа ништо добро да видат откако Барса беше надиграна од францускиот тим, губејќи со убедливи 0-3 за огромни главоболки за тренерот Флик пред премиерниот дуел со Валенсија претстојниот викенд.
Првото полувреме заврши без голови, а Монако поведе преку Камера во 49. минута, по една огромна грешка на каталонските дефанзивци. Плунгер зголеми на 0-2 седум минути подоцна, а фијаското на Барса беше комплетирано кога Мависа го постигна третиот погодок за „кнезовите“.
GOAL!! Monaco took the lead against Barcelona.
Barca 0-1 Monaco pic.twitter.com/3HpYbcMMXc
— bay_far (@bay_far_News) August 12, 2024
За проблемите на Флик да бидат уште поголеми, двајцата клучни фудбалери, Роберт Левандовски и Илкај Гундоган, заработија незгодни повреди во второто полувреме и нивниот настап против Валенсија е сериозно доведен во прашање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

