Барселона после само шест месеци се ослободува од големото засилување

Поранешниот фудбалер на Милан, и сегашен член на Барселона Франк Кеси, ќе го напушти „Ноу Камп“ после само шест месеци минати во таборот на „Каталонците“.

Поранешниот играч на „росонерите“ не се снајде во конценпцијата на Чави, па можно е уште во зимскиот преоден рок да ја смени средината. За играчот на Барса во моментов се интересира Тотенхем, а шпанските медиуми шпекулираат дека англискиот тим веќе ја испратил првата понуда за репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска од 15 милиони евра.

Играчот за врска не успеа да се снајде во тимот на „Каталонците“, и само пет пати беше стартер, иако во минатото беше неизбежен дел од стартниот состав Милан. Конте е подготвен да го искористи тоа и да го донесе во Лондон, а последниот збор сепак ќе го има самиот Кеси, кому почнува да му доаѓа преку глава греењето на клупата на Барса.

Се вчитува...