Барселона е горда што за предводник на фудбалскиот проект го има Ламин Јамал, а каталонците сега успеаја да го доведат и „ракометниот Јамал“ во своите редови.
Маркос Фис, младиот десен бек кој на почетокот на годинава блескаше во дресот на Шпанија на ЕП во Хернинг, ќе биде најновото засилување на каталонскиот гигант откако беше потпишан договор за соработка до 2030 година.
Барса ќе остане без Дика Мем кој се сели во Берлин, прва опција за негов наследник беше Кико Коста, но португалскиот бисер реши кариерата од 2027 да ја продолжи во Фленсбург. Во таква ситуација фокусот беше целосно насочен кон Фис, кој на 18-годишна возраст прикажува брилијантни партии во дресот на Гранолјерс.
Како што информира „Мундо Депортиво“, постигнат е целосен договор за соработка до јуни 2030 година, со што каталонскиот гигант реши многу важно прашање во мозаикот за тимот за наредните неколку сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

