Барселона потврди: Тешка поврада на Николас Лапровитола

Аргентинскиот репрезентативец и член на Барселона Николас Лапровитола заработи повреда на натпреварот против Басконија и го чека долго време на рехабилитација пред да се врати на теренот.

Лапровитола мораше со помош да го напушти теренот пред крајот на четвртата четвртина, а по деталните лекарски прегледи утврдено е дека заработил кинење на предниот вкрстен лигамент и повредата на надворешниот менискус на десното колено поради што мора да замине на операција.

И покрај тоа што покрај Барселона во соопштението наведе дека точното време за неговото враќање на терените ќе биде познато по операцијата и новите прегледи, мала е веројатноста дека Аргентинецот ќе се појави во дресот на Барселона пред самиот крај на сезоната.

Се вчитува...