Шпанскиот гигант Барселона засега е без значајно засилување во овој летен преоден рок, а тренерот Ернесто Валверде сериозно размислува за зголемување на конкуренцијата во средниот ред. Андрес Иниеста не е веќе во млади фудбалски години, а Андре Гомеш и Иван Ракитиќ сепак не се таков калибар, за да умеат да ги воодушевуваат со свои потези фановите на „Камп Ноу“. Откако стана јасно дека Барса тешко ќе успее да го доведе Марко Верати од ПСЖ, се чини дека каталонскиот клуб повторно се насочува кон Фелипе Кутињо од Ливерпул.
Како што информираат медиумите на Островот, Барселона подготвува понуда вредна 72 милиони фунти за ангажман на Кутињо ова лето. Тоа ќе биде одговор дури и за можниот мегатрансфер на Нејмар во редовите на ПСЖ. Кутињо одамна е на радарот на Барселона, а во наредниот период интересот ќе биде интензивиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА