Голема е веројатноста дека Мо Салах на крајот на сезоната ќе стане слободен агент со оглед на тоа што му истекува договорот со Ливерул, а и покрај одличната сезона која ја игра Англичаните се подготвени за промена на генерација во која повеќе не се вклопува Египјанецот.
За Салах постои голема интерес од Саудиска Арабија каде би имал огромна заработка, според тамошните медиуми веќе се водат и активни преговори, но во трансфер сагата сега се вклучува и Барселона.
Според „Диарио Спорт“, каталонците кои беа заинтересирани за него и претходната сезона, покажале нов интерес, но засега нема никаков контакт со неговите агенти.
Салах е фудбалер кој одлично би се поклопил во тимот на Барселона, но финансиските потешкотии со кои ќе се соочи овој тим се чини дека се поголеми од желбата за негов настап на „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

